ВМР0-ДПМНЕ до Филипче: Арогантен си - можеш да сонуваш за лидерство
СДС е партија која живее во периодот на едноумието, впрочем чиишто и наследни се. Очигледно Филипче не знае дека и во комунизмот се излегуваше на избори, но изборот беше само еден, Комунистичката партија, исто како и внатре партиските избори во СДС, со кандидат само Венко Филипче. Толку е тоа што треба да се знае за внатре партиската демократија во СДС. Да имаа СДС план како да ја водат државата немаше Македонија да ја донесат до ќорсокак, потпишувајќи предавнички договори на штета на државата и против волјата на граѓаните. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното интервју на Венко Филипче на Канал 5.
Народот на големо ја виде ароганцијата и малограѓанштината меѓу редовите на СДС додека беше на власт, почнувајќи од бифтеците на Маричиќ до ароганцијата кон граѓаните на Шилегов и за тоа одговорот од граѓаните го добија на изборите.
За реформите во правосудството Филипче најмалку има кредибилитет да зборува, кога тој уште е под директно влијание на неговиот верен другар, Зоран Заев кој, кога беше премиер, се стави за претседател на телото за судски реформи.
Владата на СДС, во која дел беше и Венко Филипче, се тие коишто благодарение на нивните несоодветни економски политики, како и на уништувањето на енергетскиот сектор донесоа голема скапотија, зголемување на цената на струјата и на прехранбените производи кои го срозија стандардот на граѓаните.
Филипче е толку очаен и изгубен во просторот што сега му смета и вложувањето и реализацијата на капитални инвестиции и изградбата на улици, патишта, училишта и градинки, откако седум години на власт СДС ништо не изгради.
А, за лидерство Венко Филипче може само да сонува, кога сите знаат дека Филипче на чело на СДС го постави Зоран Заев и тој е под негова лична команда.
Сакале СДС и Венко Филипче или не Македонија ќе се напредува, економијата ќе се развива, а пријателството со нашите стратешки пријатели како со САД, така и со Европската Унија ќе се зацврстува, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа