Филипче: БДП-то е резултат на проектите кои почна СДСМ, се друго во економијата стагнира

Во интервју на Канал 5, Филипче потенцираше дека сите економски параметри се намалуваат, а растот на инвестициите, со кој се фали власта, е резултат на позитивните политики на Владата предводена од СДСМ.
„Тоа се инвестиции кои биле проектирани и започнати за време на нашата Влада. Какви инвестиции ќе донесе оваа Влада, ќе видиме дури во втората половина на оваа година, бидејќи најмалку толку време е потребно за да се подготви инвестициски проект“ - рече Филипче.
Тој истакна дека зголемувањето на БДП се должи на зголемената внатрешна побарувачка, особено во градежните активности поврзани со Коридорите 8 и 10 – и ништо повеќе.
„Сè друго стагнира. Капиталните инвестиции исто така стагнираат – во првите два месеци од годинава реализацијата е само 2%, за разлика од 12% во истиот период од 2024 година. Имаме сериозен проблем со иселувањето на младата работна сила, извозот се намалува, а компаниите во економските зони отпуштаат работници,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
06.03.2025 - 21:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа