Мелита "распали": Го откопале гробот на Зоки, живееме во свет на монструми
Блискиот пријател на Зоки Фаци, Стефан Лазаров, објави шокантни информации дека некој го откопал гробот на починатиот Зоран Василевски - Фаци.
Јавноста е згрозена од тоа што се случило и тоа само шест месеци по смртта на Зоки Фаци, а една од јавните личности кои се огласија на социјалните мрежи е и Мелита Ракичевиќ.
- „Откопан гробот на мојот Зоки Фаци. Нема веќе човечност, јас не можам да сфатам ваква злоба… Свет на монструми“, напиша Мелита.
Веста дека е откопан гробот вчера ја објави Лазаров: - Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“, објави тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа