Нагазивте на мина: Струмичкиот градоначалник бара комбе за да ги товари проектите за унгарскиот кредит

 

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на социјалните мрежи објави фотографии од толпа документи, за кои наведува дека станува збор за проекти со кои оваа локална самоуправа ќе аплицира на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти со пари од унгарскиот кредит, распишан од Министерството за локална самоуправа.
„Струмица немала проекти ?
ВМРО-ДПМНЕ изгледа назгазнавте на мина!
Ова утре ќе биде уште повеќе, барам комбе да ви ги испорача сите до ресорни министерства.
Сакате инает со Струмица?
Јас и секој еден вработен од секој еден сектор и одделение на општина Струмица ќе ви одговориме со максимален професионализам, со проекти со документација со се.
Пс. Ова се само проекти за унгарскиот кредит…“, напиша градоначалникот во својата објава.
Ваквата негова реакција доаѓа откако претходно, на првиот повик распишан од Локална самоуправа за финансирање на општински проекти, Струмица беше одбиена со образложение дека не доставиле целосна техничка документација, како и дека не може да се финансира проектот за градски пазар во овој град, бидејќи изведувачот веќе бил избран. 

06.03.2025 - 23:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега