Тошковски: Поднесени кривични пријави за 34 физички лица и 3 правни лица
Поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција.
Како што вели, МВР во соработка со ОЈО ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан.
„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ“, вели Тошковски.
Тошковски додава дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на сите институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа