АРМ со детали за превртеното возило: Повредени се три лица

 


Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, соопшти АРМ.

„Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања“, стои во соопштението од АРМ. На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција .

21.03.2025 - 14:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега