Најавени протести: „Да одговараат судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата“
Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат од страна на млади лица од иницијативата „Нула“. Од Иницијативата за во понеделник најавија протест кој ќе се одржи пред Основниот суд во Тетово. Тие ќе побараат од судиите и обвинителите правда за 59 загинати во дискотеката во Кочани, за загинувањето на 14 пациени од модуларната болница во Тетово, за жртвите од автобуските несреќи во Ласкарци и во Бугарија и за други нерасчистени случаи.
Симболичното оставање на ПП апарат пред Основниот суд во Тетово, е со објаснување дека институциите пречесто ни се запалуваат.
„Да ја разоткријат вистината, да ги изведат пред правдата, да ги стават зад решетки вистинските виновници и тие што се одговорни за трагедијата во Кочани, каде што загинаа 59 млади, за пожарот во модуларната болница во Тетово , каде што загинаа 14 наши граѓани, за несреќата со „ Беса Транс“ во Бугарија , каде што загинаа 45 граѓани , за несреќата со „ Дурмо Турс“ во Ласкарци , каде што загинаа 16 граѓани. И за многу други трагедии, за кои што, за жал немаше никаква казна до ден- денеска. Исто така , ваша должност е да ги изведете на одговорност и судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата во овие и други случаи“ изјави Бленди Ходаи- иницијатива „Нула“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа