Владата предложи ограничување на маржите на основните производи на 10%
Владата го задолжи министерството за економија да предложи да ја донесе следната предлог мерка - одлука за 10% ограничување ан маржата на производите на основните прехрамбени производи, изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.
„Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување и да трае до 30.04.2025 година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспартентно објвување на сите цени и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да се придонесе за поголема транспаретност за граѓаните сами да одлучат каде да пазаруваат“, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа