Трамп му пиша на Вучиќ - писмото јавно објавено
Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм го објви писмото што му го испратил американскиот претседател Доналд Трамп.
„Почитуван претседателе Вучиќ, во име на народот на Соединетите Американски Држави, вам и на граѓаните на Србија ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на државноста“, се вели во писмото од САД.
Трамп посебно и се заблагодари на Србија за нејзината посветеност на мирот ширум светот.
„Со нетрпение очекувам дополнително да го зајакнеме нашето партнерство, надградувајќи се на сè посилните врски меѓу нашите земји, за заеднички да придонесеме за поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Србија и на САД. Задоволен сум од нашата сè поинтензивна соработка и новите можности за взаемно инвестирање во важни сектори како што се технологијата и енергијата.
„Ние многу го цениме значајниот придонес на Србија за меѓународната безбедност, без разлика дали тоа е поддршка на народот на Украина во нивната одбрана од руската агресија или придонесот на Србија во бројните мировни мисии ширум светот“, се наведува во писмото.
„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам заеднички напори за унапредување на стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Соединетите Држави целосно ја поддржуваат континуираната интеграција на Србија во евроатлантскиот простор, како и нејзините напори за промовирање на мирни и просперитетни односи со своите соседи и партнери во регионот“, се додава на крајот.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа