Морето во Измир се повлече повеќе од 200 метри, граѓаните вознемирени
Морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлече за повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми.
Оваа појава ги вознемири граѓаните кои ја поврзаа со земјотресите во Санторини, но експертите тврдат дека морската вода се повлекла поради силните северни ветрови и дека тоа е природен процес.
Д-р Мехмет Чавушоглу и проф. Д-р Доган Јашар изјавија дека повлекувањето нема никаква врска со земјотресите во Егејското Море и дека нема причина за загриженост.
Според научниците, ваквите појави се случуваат поради силните ветрови кои достигнуваат удари и до 60-70 километри на час. Тие додаваат дека оваа појава треба да трае до среда.
Иако граѓаните се вознемирени, експертите уверуваат дека нема причина за паника и дека ова е природен феномен кој се случува од време на време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа