Ужас во Македонија: Дошол дома и си го нашол кучето-милениче усмртено
Вистински хорор се одвивал викендов за жител на селото Врапчиште, кој го пронашол своето домашно милениче усмртено.
Како што информира МВР, викендов на 09. Февруари, во 16часот и 40 минути во Полициското одделение Галате, 22-годишниот С.А. инаку жител на селото Врапчиште, гостиварско, пријавил дека надвор од објектот каде го чувал, го пронашол усмртено неговото куче – домашен миленик, кое претходно било врзано до неговата куќичка.
Како што соопшти СВР Тетово, известен бил Државен инспектор по ветеринарство.
Увид извршила екипа при ОВР Гостивар.
11.02.2025 - 08:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа