Српската пејачка со скандалозно тврдење: Возев "мртва пијана" па полицаецот дуваше наместо мене
Српската пејачка Сандра Африка откри скандалозен детаљ од својот живот, кога во емисија призна дека потплатила полицајци додека возела пијана на улица кон дома.
- Еднаш се напив малку повеќе, и што да правам? Тргнав со автомобилот дома, а возев постојано по тротоар, никако на улица. Ужас! Имаше некаква рација, беа инспектори и ме застанаа, откри српската пејачка Сандра Африка, при гостувањето во една емисија.
- Ми велат мора да дуваш. Им реков, не можам, мртва пијана сум, носете ме веднаш ако сакате, само немојте да дувам. И тогаш се сетив и му реков на едниот од инспекторите да дува наместо мене, а јас ќе го частам ако треба, рече Сандра.
Српската пејачка откри дека инспекторот и рекол "Ти си луда", дувал место неа, а таа потоа го почестила со пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа