Детали за крвавото убиство во Скопје - Полицијата уапси 4 лица

 

Десетина минути пред полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје.

МВР информира дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, шест минути по полноќ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 35-годишниот Х.Б. и 35-годишниот А.Д. од Скопје. За жал, Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување.

Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода 39-годишниот Б.Б. од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода 22-годишниот Н.Д. од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје.

Исто така, по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

11.02.2025 - 09:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега