Попов: ВМРО месециве за младите направи повеќе отколку што е направено изминатите 7 години
На утринското гостување на „Радио Лидер“ претседателот на Унија на млади сили и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов ја објасни видливоста на работата на УМС преку изборните програми и проекти како и интензитетот на активности реализирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Попов даде краток осврт и објасни што претставува младинската политика и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за младите направила многу повеќе во првите неколку месеци власт за разлика од претходните седум години.
„Само во првите неколку месеци повеќе проекти за млади луѓе се најавија и повеќе проблеми на млади луѓе се решија отколку за претходните 7 години. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во овие први еве неколку месеци е на добар пат и ја враќа надежта кај младите луѓе“, рече Попов.
Попов објасни дека гласот младите во државата се слуша и тоа се остварува преку големиот број млади советници во општинските совети како и двајца пратеници во Собранието на Република Македонија.
„УМС има преку 55 советници во општинските совети, има двајца пратеници во Собранието така да младите преку УМС се претставени во сите институции во државата и одговорно можам да кажам дека гласот на младите во државата е УМС на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Попов.
Попов објасни дека Унијата на млади сили е најброен политички подмладок со иста цел и идеја како да се направи Македонија подобро место за живеење во којашто младиот човек државата ќе ја гледа како негов партнер а не туѓинец.
„Ние имаме една замисла за нашата држава, голем број на млади луѓе, Унијата на млади сили е најброен политички подмладок во државата, имаме иста цел, иста идеја и тоа не води како да ја направиме Македонија нормално место за живеење, место во коешто младиот човек ќе си гледа партнер во државата нема да ја гледа како нешто отуѓено“, истакна Попов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа