Стојаноски: Ако судиите не си дадат оставки - народот ќе бара правда

 

„Прво да ја потсетам јавноста дека ние почнавме со тоа што го изгласавме извештајот за работата на Судскиот совет за 2023 година негативно на комисијата за политички систем каде што аргументиравме и зошто сметаме дека не треба да има тој извештај позитивна оценка од страна на парламентот оној кој ги бира тие личности да бидат таму во Судскиот совет јас сметам дека доколку таму имаше доволно морал, кредибилитет итн., тие луѓе тогаш требаше да се повлечат, да не дојде до ова се што го гледаме во моментот. Видовме дека си продолжија со сопствената работа, гледаме какво е правосудството, се караат обвинителството и судот“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во гостување во централниот дневник на МРТ 1.

Стојаноски истакна дека како пратеници имаат право според Уставот да им поднесат интерпелација на членовите на Судски совет доколку не се задоволни од нивната работа.

„Тие луѓе кои се надлежни за тоа во случајов по Уставот и законите Судскиот совет апсолутно треба подобро да ја вршат својата работа и ние кажавме за тоа како некој како орган кој ете ги назначува таму, гласа за нив, имаме право по Уставот и да поднесеме интерпелација доколку не сме задоволни од нивната работа“, рече Стојаноски.

Стојаноски продолжи и додаде:

„Ниту ние, ниту граѓаните се задоволни од нивната работа. Поднесовме интерпелација, дојде Дамева со еден куп квалификативи негативни, со навреди кон пратениците, другите не ни собраа сила и храброст да се појават во Собранието. Ги изгласавме тие интерпелации и тие одбиваат повторно да си дадат оставки од Судскиот совет и токму затоа е изјавата на премиерот и денес и вчера, дека доколку тие луѓе не се вразумат, не разберат дека е потребна правда во оваа држава едноставно народот при крај е со трпението и ќе излезе на улица и ќе бара правда“, вели Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека треба конечно расчистување на ова мочуриште кое 34 години ја влече државата назад.

„Ние сме тргнати во конечно расчистување со ова мочуриште кое 34 години ја влече оваа држава назад. Треба да разбере секој кој е присутен во тоа јавнообвинителски и судски сектор дека не може да биде слуга на никој друг освен на народот и законите“, кажа Стојаноски.

14.03.2025 - 20:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега