Прегазен малолетник на пешачки премин во Велес, возачот избегал
Вчера во 13.30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес.
Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
06.03.2025 - 15:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа