Вело Марковски: Европските држави сфатија дека погрешија и сега пак сме на почетокот
Последните Ковид19 статистики покажуваат процес на стабилизација на состојбата и пад на кривата, што може да се толкува како надминување и на пикот од овој втор бран, кој се случи по олабавување на рестрикитивните мереки. Шест месеци по појавата на Коронавирусот во Македонија, државата практично го спроведува сценариот што уште во март го заговараше, еминентниот инфектолог, доктор Вело Марковски. Од денешна дистанца, во интервју за Прес24, проф. Марковски вели дека во Македонја не станува збор за стратегија, туку тоа што сега се случува, реално живеење со вирусот, се наметна како неизбежен процес, не само овде, туку и во цела Европа.
-Се сфати дека не може поинаку. Иако, лично мислам дека во Македонија не е стратегија, туку си дојде само по себе, и тоа во најлошата форма со постојани јавни собири кои во Шведска ги немаше. Да резимираме, прифаќање на реалното постоење на КОВИД-19, никој не е виновен (барем не некој од нас) за појавувањето, без паника и едно основно начело како водич, а тоа е мерките да зависат од исполнетоста и капацитетите на здравствениот систем, ако се преполнат болниците мерките да се стегнат. Но здравствениот систем за жал, мој впечаток е дека не се држи во добра кондиција, вели професор Марковски во интервју за Прес24.
Потенцира дека искуството од овие шест месеци, покажа дека единствена и најдобра опција за излез од оваа стојба беше третата третаа можност, а тоа стекнување на 30-40% колективен имунитет.
-Тоа е науката, тоа се досегашните искуства, за жал, референдумски во целиот свет се поби науката, се обвинија докторите кои ги кажуваа реалните сили, реалните исходи, и се прифати затворањето, криењето дома. Сега веќе повеќето европски држави сваќаат дека многу погрешија, дека неколкумесечното затварање ги уништи економиите, и сега пак сме на почеток. Дека колку долго да се криеш еден ден мора да излезеш. Јас уште на почетокот потенцирав, дека мора сериозно да се размисли да се земе во обзир можноста следниот бран, да биде опасен за децата. Искрено се надевам дека нема да биде така. Неколку пати давав пример дека кога одредени сезони меќу децата се појавуваше варичела (овча сипаница) во лесна форма, без температура, само со по неколку меурчиња, многу родители намерно ги мешаа своите деца да се разболат со една ваква лесна форма. Всушност тоа е природно стекнување имунитет, тоа што сакаме да го постигнеме со вакцина, би го постигнале со природна инфекција со слабовирулентен причинител. Затоа сега многу критикуваниот шведски и белоруски модел, од денешен аспект се гледа дека бил поисправен. Но, тој модел не избран на среќа, случајно, туку врз база на науката и трезвена анализа на можните сценарија. Тие држави собраа сили да веруваат на науката иако и таму имаше силни притисоци за солидарност со целиот свет, вели доктор Марковски во интервјуто.
Тој смета дека е за поздравување регистрирањето на првата вакцина во Русија, бидејќи Русија од секогаш имала производство на многу добри вакцини, но сепак треба да се почекаат научните трудови и искуствата од оваа вакцина.
-Да не заборавиме дека инфектологијата е многу поразвиена во источниот блок. Но сепак, мора да се почекаат научни трудови, искуства, состав... Ова е наменета за нивната држава, регистрацијата во други држави е со многу строги критериуми. Во трката за производство на вакцина проитив КОВИД-19 се влезе како во трката со вселенските програми или атомските оружја. Многу скоро и останатите развиени држави ќе излезат со свои вакцини. Но, за оваа сезона вакцините не се решение, вели проф. Д-р Вело Марковски во интервју за Прес24, во кое зборува и за пропуштените можност за организирање на наставата во образованието во услови на пандемија.
ПРЕС24: Професоре на почеток сме од учебната година, а институциите се уште немаат јасна идеја како и дали ќе се одвива настава во образовниот процес. Едно е сосема сигурно, а тоа е дка учебната година нема да почне на 1 септември. Дали не беше доволно цело лето за да се направи јасна програма како ќе учат децата?
МАРКОВСКИ: Не само цело лето, туку од самиот почеток кога се донесе одлука за затварање на училиштата мораше да се анализира и прави стратегија за следната учебна година. Значи се изгубија неколку месеци во кои стручни луѓе врз база на направени анализи и добиени резултати пред се со скрининзи на одредени групи, и евидентирање на нивото на заштитни антитела. Нашите резултати да се споредат со искуствата на европските држави. Потоа мораме да размислуваме за една реална можност, да ако има втор или трет бран вирусот да биде многу повирулентен од моменталниот кој воопшто не ги загрозува/загрозуваше најмладите. Сето ова мораше сериозно да се анализира. За жал ние не се спремавме дека пандмеијата ќе потрае, туку само носевме рестриктивни мерки, единствена стратегија ни беше дека треба да издржиме, а вирусот ќе се повлече.
ПРЕС24: Последната идеја, која можеби ќе ја прифати владата е комбинација. Клаисична настава до третто одделение и он лајн настава за останатите. Како Вие го коментирате ова?
МАРКОВСКИ: Било каква одлука да се донесе таа треба да биде јасна со јасна цел заснована на досегашните искуства, и добиените скрининг тестови помеѓу населението, помеѓу учениците, средношколците, студентите, кои ние од за мене неразбирливи причини не ги направивме. Без овие параметри тешко е да се донесе одлука. Но, таа одлука треба/требаше да ја донесе исклучиво Комисијата за заштита од заразни болести. Ниту влада, ниту министерството за образование и наука. Ставот изнесен пред некој ден од страна на комисијта дека они даваат препораки а МОН сами да си донесат одлука е крајно неодгворен и несериозен. Никој освен комисијата (или некоја друга комисија создадена наменски за пандемијата со КОВИД-19 од новата влада) не може и не смее да носи одлуки и мерки за справување со пандемија од заразна болест. Сите мерки во справување со ваква една пандемија мора да бидат стручни, никако политички.
ПРЕС24: Искуството од претходната учебна година, која практично и не се одржа, покажа дека наставниот кадар, но и училиштата не се во можност за он лајн настава. Постои сериозна опасност, ако ова продолжи и понатаму да добиеме образвно и воспитно осакатени генерации?
МАРКОВСКИ: Секако ќе има големи последици по образованието на нашите деца. Иако ние како општество и досега имаме проблем со воспоставување на идеален образовен процес. Преминот од стариот систем кој беше скоро идеален гледано од денешен аспект, во нов, систем на екстерни тестирања и кредит трансвер систем е погубен за многу генерации. Програмите во основното образование се преобемни, честопати контрадикторни и како такви неможат да бидат совладани, крајниот резултат е искомплексирани деца, деца без самодоверба. Можеби оваа пандемија е шанса да се намалат програмите, да не се трудиме од децата да направиме компјутери, со тоа може да се скрати траењето на часовите.
ПРЕС24: Ако ја погледнеме денешната слика на состојбата на Ковид 19, од сите аспекти, веројатно лесно може да се препознае Вашиот модел, за кој Вие зборувавте уште во март. Во кратки црти, функционално, некарантинизирано општество, продржување до одредени мерки, можеби зголемен број на позитивни, но по ваков начин на функционирање речиси три месеци, статистиката покажува пад на кривата?
МАРКОВСКИ: Во десетина интервјуа јасно кажувам дека има три можности за излез од пандемијата. Првиот е вирусот сам да се повлече, тоа се случувало досега со други горнореспираторни инфекции и епидемии со нив. Но, јас знаев уште на почетокот дека тоа нема да се случи пред се поради престрогите мерки. Вториот е вакцинирање, за жал иако сите навивачки сакаат оваа состојба што побргу да заврши и сега се наметнува како единствено решение, како единствен спас, сепак за оваа есен и зима вакцината нема да помогне, не е решение. И третаа можност е/беше стекнување на 30-40% колективен имунитет. Тоа е науката, тоа се досегашните искуства, за жал, референдумски во целиот свет се поби науката, се обвинија докторите кои ги кажуваа реалните сили, реалните исходи, и се прифати затворањето, криењето дома. Сега веќе повеќето европски држави сфаќаат дека многу погрешија, дека неколкумесечното затварање ги уништи економиите, и сега пак сме на почеток. Дека колку долго да се криеш еден ден мора да излезеш. Јас уште на почетокот потенцирав, дека мора сериозно да се размисли да се земе во обзир можноста следниот бран, да биде опасен за децата. Искрено се надевам дека нема да биде така. Неколку пати давав пример дека кога одредени сезони меќу децата се појавуваше варичела (овча сипаница) во лесна форма, без температура, само со по неколку меурчиња, многу родители намерно ги мешаа своите деца да се разболат со една ваква лесна форма. Всушност тоа е природно стекнување имунитет, тоа што сакаме да го постигнеме со вакцина, би го постигнале со природна инфекција со слабовирулентен причинител. Затоа сега многу критикуваниот шведски и белоруски модел, од денешен аспект се гледа дека бил поисправен. Но, тој модел не избран на среќа, случајно, туку врз база на науката и трезвена анализа на можните сценарија. Тие држави собраа сили да веруваат на науката иако и таму имаше силни притисоци за солидарност со целиот свет. Во Шведска голем проблем излезе што вирусот им влезе во старачките домови, и тоа и е минус, инаку сега веќе има драстично намалување на новоинфицираните, бројот на умрени е од нула до 5 на ден, што би значело дека они веќе постигнаа колективен имунитет.
ПРЕС24: Не само Македонија, туку цела Европа веќе го применува на некој начин методот на Шведска. На што се должи тоа?
МАРКОВСКИ: Се сфати дека не може поинаку. Иако, лично мислам дека во Македонија не е стратегија, туку си дојде само по себе, и тоа во најлошата форма со постојани јавни собири кои во Шведска ги немаше. Да резимираме, прифаќање на реалното постоење на КОВИД-19, никој не е виновен (барем не некој од нас) за појавувањето, без паника и едно основно начело како водич, а тоа е мерките да зависат од исполнетоста и капацитетите на здравствениот систем, ако се преполнат болниците мерките да се стегнат. Но здравствениот систем за жал, мој впечаток е дека не се држи во добра кондиција. Неоходни беа/се конференции, симпозиуми, изработка на динамични доктринарни ставови. Запослување на сите лекари и распоредување првично во виталните клиники и институти. Луксуз е да имате слободни лекари, да не се запослуваат поради административни пречки а инфективните одделенија и центрите за јавно здравје да работат со по неколкумина доктори. Лекарите и медицинскиот персонал во првте борбени редови (матични лекари, итна медицинска помош, инфектолози, епидемиолози, анестезиолози и вработените во тие институции) мора да бидат парично наградени, да имат заштитна опрема и скратено работно време.
ПРЕС24: Каков тренд очекувате во месеците што следуваат?
МАРКОВСКИ: Тоа е енигма. Без серолошки тестирања не знаеме колкав ни е колективниот имунитет. Највероватно 15 % од населението имало контакт со вирусот (цело време 10-15% имаме позитивност со ПЦР техниката). Интересен и многу значаен за понатамошните анализи и мерки е податокот што го изнесоа колегите од Клиниката за хематологија. Следејќи ги имунолошките аспекти и фактот дека скоро половина од населението не се разболува, тоа се должи на највероватно вкрстениот имунитет од предходно прележани алфа корона инфекции (обичната настинка). Тоа секако ќе го докажуваат во наредниот период, за жал вистинската наука е спора. Во зависност од тоа колку од населението имало конткт со КОВИД-19 и се имунизирало и плус колку има со антитела кон алфа корона вирусите ќе зависи текот на КОВИД-19 пандемијата во еден град, регион, држава или континент.
ПРЕС24: Стравот е дека во месеците на сезонски грип може да се случат многу нејаснотии, од типот дека секоја здравствена промена кај луѓето, која се карактеризира со слични симптоми на Ковид, ќе ги асоцира на вирусот. Ќе можат ли матичните лекари да препознаваат настинка и грип од Ковод, или пак тестирањата ќе станат уште помасовни?
МАРКОВСКИ: Семинари, симпозиуми, конференции веднаш а не утре (требаше вчера) за изедначување на ставовите и пренесување на доктринарни ставови за дијагноза и третман на сите респираторни инфекции, вклучително грип и КОВИД-19.
ПРЕС24: Русија прва регистрираше вакцина, СЗО повикува на внимателност. Македонија веројатно ќе се води по препораките на Европската Унија за тоа дали и која вакцина ќе ја чека. Сепак, како Вие гледате на оваа прва руска вакцина?
МАРКОВСКИ: За поздравување е регистрирањето на првата вакцина во Русија. Русија од секогаш имала производство на многу добри вакцини, а да не заборавиме дека инфектологијата е многу поразвиена во источниот блок. Но сепак, мора да се почекаат научни трудови, искуства, состав... Ова е наменета за нивната држава, регистрацијата во други држави е со многу строги критериуми. Во трката за производство на вакцина проитив КОВИД-19 се влезе како во трката со вселенските програми или атомските оружја. Многу скоро и останатите развиени држави ќе излезат со свои вакцини. Но, за оваа сезона вакцините не се решение. Дури и да е идеална вакцината, клиничките испитувања од типот кои антитела се јавуваат после вакцината, дали тие антитела штитат, уште поважно е колку долго тие антитела ќе бидат присутни. Добро би било да има антитела барем 9 месеци колку што има заштитни антитела кај вакцната за грип. Дури после овие клинички искуства кои никако неможат да се забрзаат (мора да поминат барем 9 месеци) може да с еразмислува за вакцинирање.
Од друга страна мора да се внимава на можна мутација на вирусот во меѓувреме. До јули месец оваа година веќе се регистрирани пет промени во геномот на вирусот. Сериозен проблем е и ќе биде вакцинирање за време на пандемија или епидемија. Кога вакцината се дава пред да се појави една болест без проблем може да се даде на избраната целна група. Но кога една болест е во тек, како што сега е случај, секој кој ќе треба или ќе сака да прими вакцина мора да се провери дали има антитела од предходна природна имунизација (инфекција или болест). Двање на вакцина кај човек кој веќе има високо ниво на антитела кон тој причинител е опасно и може да доведе до смрт поради создавање на имунокомплекси.
ПРЕС24: Можно ли е да случи, ако руската вакцина влезе во масовна продажба, луѓе кои сакаат приватно да ја набават и да ја користат?
МАРКОВСКИ: Да кога ќе дојде време за тоа и ако таа или друга вакцина биде регистрирана кај нас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа