Ангелов за Канал 5: Нема потреба од мешање на странци и формирање на никакви комисии или тела

 

 

Нема потреба од мешање на странци и формирање на никакви комисии или тела, изјави за Канал 5, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ваква трагедија нашата држава не памети. Страшна трагедија за луѓе кои биле да се забавуваат во дискотеката на ужасот во Кочани. Ова барање на ДУИ е тоа што и во иднина ќе праќа нови луѓе во смртта ако ние не застанеме тука цврсто како Влада, а тоа е постојано ДУИ кога нешто не им одговара да се повикуваат на етничка компонента.

Овој трагичен настан во кој загинаа 60 луќе мора да биде мотив повеќе за рестарт на општеството и почнувајќи од секој обичен граѓанин вклучувајќи ги и функционерите, мора да ги почитуваат законите. Без нови докази не може да обнови ниту еден предмет, потребни се нови докази, не само политичка волја. Доколку се отвораат предмети, неопходни се нови докази. Целиот систем за правда е впрегнат во разоткривање на оваа трагедија и сметам дека нема потреба од мешање на странци и формирање на никакви комисии или тела, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

01.04.2025 - 23:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега