Градоначалникот на Кисела Вода за Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност по населението

 

„Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните места да помогнеме на нашите соседи“, напиша Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и додава:

„Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито. Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме на терен и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ. Спремни сме со сите расположливи сили да помогнеме. Во постојана комуникација сме и со колегата Дејан Митевски од Аеродром, така што и тој е подготвен да помогне во случај да тоа е потребно. Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме заеднички да делуваме да нема големи последици“.

01.04.2025 - 22:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега