Филков до Милошоски: Јавноста те памети по аферите во АМСМ - изолиран си од партијата
Откако претходно вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма кажа дека актуелниот министер за правда имал слаби перформанси, со реакција се јави Филков.
,, Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!“, стои во реакцијата на Филков и дополнува:
„И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!
Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”.
Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:
1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)
2. Предлог закон Закон за судска служба - подготвен и објавен на ЕНЕР.
3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)
4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.
5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)
6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)
7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме дека
пратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)
8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 2025
9. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)
10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)
11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)
12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)
13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)
14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)
15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)
16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение)."
02.04.2025 - 00:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа