Трамп тврди едно, Украина друго - конфузија околу најавената средба на САД, Русија и Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека американските и руските претставници ќе се сретнат во петок во Минхен и дека е поканета и Украина.
„Тие имаат состанок во Минхен утре. Русија ќе биде таму со нашите луѓе. Украина, инаку, исто така е поканета. Не сум сигурен кој ќе биде таму од која било земја, туку луѓе на високо ниво од Русија, Украина и САД”, им рече Трамп на новинарите.
На прашањето за дополнителни детали, Белата куќа одби да коментира. Глобалните политички и воени лидери се собираат во Германија на Минхенската безбедносна конференција. Украина не очекува разговори со руската страна во петок во Минхен и верува дека на САД, Европа и Украина им е потребен заеднички став пред разговорите со Москва, изјави советникот за комуникации на претседателот Володимир Зеленски. „Во Минхен не се очекуваат разговори со Русите“, изјави украинскиот советник за комуникации Дмитро Литвин.
Руската амбасада во Вашингтон и нејзината мисија во Обединетите нации во Њујорк не одговорија веднаш на барањата за коментар за изјавите на Трамп. Трамп подоцна во четвртокот рече: „Утре има состанок во Минхен, а потоа следната недела, состанок во Саудиска Арабија, не со мене или со претседателот Путин, туку со највисоките претставници. И Украина ќе биде дел од тоа исто така“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа