Професорите по Етика во религиите бараат враќање на статусот на предметот

 

Представници на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите „Просветление“ денеска се сретнаа со директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Оливера Трајковска. На средбата ги изложија барањата на наставниот кадар за враќање на предметот „Етика во религиите“ во претходниот статус, односно како задолжително-изборен предмет во VI одделение, поради неговото деградирање со новата Концепција од 2021 година.

Професорите бараат предметот да биде натпреваруван со само еден друг предмет и инсистираат на враќање на статусот кој го имал пред Концепцијата. Исто така, бараат законска можност за трансформација на нивниот работен однос од определено во неопределено работно време.

Трајковска изрази поддршка за воведување на „Етика во религиите“ и најави средби со сите засегнати страни за да се остварат целите.

14.02.2025 - 20:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега