Падна македонски државјанин - нарко бос: Уапсен во Женева

 

Македонски државјанин е осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствувала низ средна Европа. Тој бил уапсен на аеродромот во Женева на 29 јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал „Blick.ch“, пренесуваат албанските медиуми.

Според австриските истражни органи, тој бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. 

Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионалната мрежа за дистрибуција на дрога.

Македонскиот нарко – бос долетал од Приштина и имал нови документи бидејќи во Македонија си го сменил името. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат како лице барано со потерница, наведува порталот.

Македонскиот државјанин, чиј идентитет не е објавен, бил на 30- годишна возраст.

14.02.2025 - 17:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега