Тешка сообраќајка во Македонска Каменица - тешко повредени три лица
Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во село Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од село Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полицијата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
14.02.2025 - 11:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа