СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не' излажа - цените не се намалија
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти, соопштија утрово од СДСМ.
„Со ДПМНЕ на власт животниот стандард на граѓаните се намалува, власта се грижи за елитата и за нивните бизнис партнери а народот е оставен сам на себе.
Дури и последните најави од власта за некакви контроли за наводно намалување на цените во маркетите се покажуваат како уште една голема лага.
СДСМ има детални информации од теренот. Во маркетите реалноста е дека само кај млекото има симболично намалување од неколку денари, додека кај другите производи нема никакво намалување“, велат од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа