Камион се судри со бмв: Тешка сообраќајка во Македонија
На 10.01.2025 околу 20 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, кај место викано „Оранжерии“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Ц.(39) од Свети Николе и товарно возило „фиат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.Т.(63) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Т. и неговиот сопатник С.К.(58) од Р.Србија, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа