Докторите алармираат: Земајте јаглен и пијте чај за да ви се прочисти организмот од воздухот
Докторот по природна медицина, нутриционист и хербалист Љупче Бубе Трајчев со совети како да го закрепнете организмот при енормно аерозагадување со какво периодов се соочува главниот град Скопје.
- Загадувањето секој ден е се поголемо, причинител за многу болки и болести, еве 5 начини како да го исчистиме телото од отрови, вели тој.
1. Користење на свежа сирова храна, зелени салати (+магдонос, коријандер) цедени сокови особено цитрусни, свежи шипинки, киви, ферментирана зелка, расол... Односно внесување на што поголема количина природен Витамин Ц и течности.
2. Чаеви од следните билки кои го чистат телото: коњско опавче, бреза, коприва, ловоров лист, корен чичок, корен глуварче, сладок корен, невен, коријандер...
3. Два до 3 пати неделно земање на активен јаглен или зеолит за собирање и исфрлање на токсините.
4. Користење на храна богата со влакна за да ги впие и исфрли отровите од цревата.
5. Лимфна дренажа - улогата на лимфата е да ги собира отровните материи, мртвите клетки, патогените, оштетените, канцерогените клетки и да ги исфрла од нашето тело, меѓутоа лимфата нема своја пумпа како крвта, таа се движи со помош на контракција на мускулите, меѓутоа за тоа треба одредена физичка активност, со добра лимфна дренажа се забрзува движењето на лимфата и од 20 до 30 пати побргу се прочистува телото од отрови.
- Во вакви услови во кои живееме сега постојано, а особено ако ги чувствувате овие симптоми тогаш имате натрупани токсини и чистењето е неопходно:
- Немање сила, енергија
- Болка во мускулите, зглобовите, стомачни болки и главоболка
- Паднат имунитет, често разболување
- ХПВ, Кандида, Целулит, Уринарни инфекции
- Постојано чуство на жед
Трајчев советува да ги применувате овие совети и за 2 недели ќе почнете да се чуствуваате подобро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа