Оддавал службени тајни: Казнет член на обезбедувањето на премиерот
Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес.
Од Владатa информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.
Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот:
„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.
При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.
Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.
Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа