Николоски: Жалиме што Бугарија ги повлече предвидените средста, остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8
Ќе продолжиме да ја подржуваме и во следниот период општина Ѓорче Петров, како и сите останати општини со сите наши ресурси затоа што треба да се развиваат општините и конечно граѓаните да добијат пристојни услови за живот, би ја искористил оваа можност, бедејќи добив бројни прашања од најголем дел од вас, во однос на информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија во однос на железничкиот дел од Коридор 8, да го кажам ставот, рече и додаде:
-Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 мкилометри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бењаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел на изнаоѓање на заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија, туку за целиот регион и за цела Европа, тоа е НАТО Коридор, втор по значење Коридор за НАТО и нашата посветеност останува.
Жалимиме што Бугарската Влада ги повлече средствата предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево вели Николоски.
-Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во БУгарија и практично неможе да се користи и неможе да се изгради тунелот, да се изгради спојка со Ѓуешевоо, туку многу побитно да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат, појасни Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа