СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже за која цена го пушти Груби да избега
ВМРО-ДПМНЕ го боли фактот што после изборите им се откри вистинското лице, соработуваа со ДУИ, изгласаа четири закони заедно а потоа го пуштија Груби да побегне за сметка на оваа соработка. Ова е реалноста и сега мака мачат да го обвинуват СДСМ за некаква соработка со ДУИ, велат од СДСМ.
„СДСМ е партија која ќе грижи за своите интереси и интересите на граѓаните, а грижата за ДУИ му ја оставаме на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да го молат Груби да се вратат и да ги потценуваат граѓаните, треба да одговорат: Која е цената што го пуштија да избега и дали е тоа дел од соработката која ја имаа последниот период?
Разбираме дека им пропадна пропагандната мантра СДСМ и ДУИ, но тоа не е наш проблем. Разбираме и дека со бегството на Груби граѓаните со право се сомневаат и ја препознаа нивната тајна соработка и сега не веруваат во пискотниците на Тошковски и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е една лажна партија која освен пропаганда и лаги не нуди ништо конкретно за граѓаните, ниту има политики со кои може да се пофали“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа