Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

 


Kако дел од мерките за намалување на загадувањето на животната средина и зголемување на безбедноста на патиштата Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година.

Исто така, ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“. Тоа значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да влезат во државата.

– Според податоците на Дирекцијата за транспорт, само лани биле регистрирани 100 илјади возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години. Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи, објавија албанските медиуми.

Наведуваат дека и земјите од регионот спровеле слични политики.

Црна Гора го забрани увозот на автомобили произведени пред 2009 година, додека Косово од 2017 година не дозволува воведување возила постари од 10 години, забранувајќи од 1 јануари 2025 година увоз на автомобили произведени пред 2015 година. Во моментов, просечната старост на автомобилите во регионот е 18 години, додека во Европската Унија е 12 години.

15.01.2025 - 16:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега