Кос: Македонија да го смени Уставот - Бугарија има 150 можности за вето

 

Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на вчерашната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент 
Од Брисел повторно пристигна пораката што со години наназад ја слушаме, дека баш сега постоела огромна можност работите да се придвижат напред. Одговарајќи на прашање на бугарски европратеници таа изрази надеж дека Македонија ќе го смени Уставот и ќе продолжи на патот кон Брисел на кој призна дека ќе следуваат уште 150 можности за вето, бидејќи толку одлуки со консензус се потребни пред да заврши процесот на преговори.
Во Македонија до овој момент нема промена на ставот. Владата останува на позициите дека промената на Уставот не е никаква гаранција дека Бугарија нема да продолжи да го блокира процесот.

15.01.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега