Во експлозија во Москва загина висок генерал на руската армија
Висок генерал на руската армија загина во експолозија во Москва. Шефот на силите на нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Игор Кирилов, загина по екплозија предизвикана од скриена направа во електричен скутер во моментот кога Кирилов ја напуштал станбената зграда кадешто живеел.
-Според истрагата, утринава на Рјазански проспект во Москва, активирана е експлозивна направа поставена во електричен скутер оставен на влезот во станбена зграда. Во експлозијата загина началникот на трупите за радијација, хемиска и биолошка заштита на руските оружени сили Игор Кирилов и негов помошник“, изјави портпаролот на Истражниот комитет.
Тој бил придружуван од неговиот помошник, кој исто така настрадал во експлозијата.
Кирилов бил одговорен за руските сили за нуклеарна одбрана, а за нивни шеф е назначен во април 2017 година.
Руските медиуми пренесуваат дека инспектори и форензички експерти работеа на местото на настанот заедно со вработени во други служби за итни случаи и оти во во врска со смртта е отворена кривична истрага.
„Гардијан“ повикувајќи се на украинскиот медиум „Киев пост“ пренесува оти експлозијата доаѓа еден ден откако украинските обвинители го обвинија генералот за употреба на забрането хемиско оружје во Украина.
Кирилов е санкциониран од Британија за неговата улога во војната во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа