Силен земјотрес ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

 


Попладнево во 18:01 часот во Албанија регистриран е земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е на 12 километри од гратчето Бурел, во источниот дел на земјата  на околу 40 километри од Тирана и е почувствуван во повеќе делови во земјата.

Потресот, поради близината е почувствуван и во Дебар и околината.

17.12.2024 - 19:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега