Уапсена жена барана по потерница: Ќе лежи една година во затвор

 


Вчера во 11.30 часот на улица „Димо Гавровски Кара” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.М.(27) од с.Мала Речица, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. 

17.12.2024 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега