Арсовски: Младите нема да дозволат СДС да ја потцененува нивната интелигенција
Поминаа 4 месеци од доаѓањето на власт од страна на СДС, а од ветувањата за младите сеуште нема ништо. Лагите дека сите млади ќе бидат вработени по завршувањето на своето образование, или пак ќе имаат шанса да отидат на дообразување и на дообучување веќе излегоа на виделина, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочува дека е јасно и дека СДСМ немаат намера да вработат никој кој што не е на партиските списоци за вработување.
-Тоа се истите лаги како и лагата дека од секое семејство ќе има по еден вработен. За жал, уште еднаш се докажа дека Социјалдемократскиот сојуз младите луѓе во Република Македонија ги гледаат единствено како гласачко тело кое треба да ги донесе на власт. За жал уште еднаш се докажа дека Зоран Заев, Ивана Туфегџиќ, Стефан Богоев и останатите ги изманипулираа чувствата на средношколците кои имаат право на глас, на студентите и сите останати млади само за да седнат во функционерските фотелји, вели Арсовски.
Според него навиките во Социјалдемократскиот сојуз никогаш не се менуваат.
Наместо според ветувањата на Социјалдемократскиот сојуз, сите да добијат вработувања и шанса за дообразување и дообучување, единствено се вработија само шарените револуционери и партиските кадри на Социјалдемократскиот сојуз. Лицемерието излезе на виделина. На Заев, Богоев и Туфегџиќ, веќе никој не им верува. Како и секоја друга негативна статистика во државата од изминативе 4 месеци, така и иселувањето на младите во изминативе 4 месеци достигна до бројка од над 30.000 млади кои се иселија од Република Македонија. Ова е доволен показател дека младите се изневерени од новата влада на Социјалдемократскиот сојуз која што им ветуваше живот пред изборите, нагласува тој.
Арсовски вели дека младите нема да дозволат да им биде потценета нивната интелигенција.
-Затоа на 15-ти октомври тие повторно ќе гласаат за подобро образование, за нови работни места, за подобра иднина, додека пак Социјалдемократскиот сојуз ќе бидат казнети за сите свои лаги кои ги имаат искажано претходно, посочува Арсовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа