Марин Ле Пен прогласена за виновна, пресудата може да и ја уништи политичката кариера
Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир. Судијата се уште не ја соопшти висината на казната, во моментов се чита пресудата.
Обвинителите минатата година предложија казната за Ле Пен да не биде само парична казна – 300.000 евра – и затвор, туку и да и се забрани пет години да се кандидира за јавна функција.
Клучното е што тие побараа забраната да стапи во сила веднаш, наместо да се одложи до правосилноста на пресудата, во случај Ле Пен да поднесе жалба, што се очекува.
Ова би ги уништило нејзините шанси да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа