Македонија мрзне и утринава - Каде има најмногу снег?

 

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -4 степени, а максимални 6 степени е во Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -2 степена во Маврови Анови, -1 во Битола, Крушево, Крива Паланка и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Кавадарци, 1 во Прилеп, 2 во Струмица и Виница, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Берово, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово и Демир Капија, како и 5 степени во Штип. 

Снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар и во Маврови Анови, 12 сантиметри.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде од 6 до 11 степени. Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температура до 11 степени.

14.02.2025 - 08:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега