Инспектор под закана: Полицијата реагираше и уапси 40-годишен скопјанец

 


Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

14.03.2025 - 16:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега