Добри вести за возачите: Горивата поевтинија по втор пат неделава

 


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08%.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалија за 2,00 денари по литар и тие од полноќ изнесуваат 70, односно 69,5 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-98“ се намали за 1,00 денар и изнесува 76,5 денари по литар, а цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ се намали за 0,50 денари и се продава по цена од 74,5 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,240 денари по килограм и од полноќ изнесува 42,261 денари.

14.03.2025 - 09:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега