Ахмети од митинг на ДУИ алудираше дека Македонците имаат бугарско потекло
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со граѓаните во Чашка рече дека на Македонците не треба да им пречи албанскиот јазик и напредокот на Албанците, бидејќи Албанците не се дојденци. Тој понатаму рече дека ако некој оди во Бугарија, а некој во Албанија, кому ќе му остане оваа земја, алудирајќи на бугарското потекло на Македонците.
„Многу сум разочаран кога слушам дебати меѓу интелектуалци, аналитичари и публицисти, наши македонски сограѓани. Нив многу ги мачи фактот што Албанците го сменија својот политички статус во оваа земја и веќе не се кираџии во своите домови, туку станаа сопственици во своите домови. Им пречи зошто Албанците имаат свој јазик, зборуваат свој јазик, пишуваат на свој јазик, имаат администратори Албанци, имаат полиција, имаат воени лица, имаат војници, односно имаат застапеност во сите институции, ги гледам како зборуваат со јазик на змија како оваа земја да им припаѓа само на Македонците. Но, тоа не функционира така, бидејќи не е само нивно. Во оваа држава Албанците не се дојденци. Зошто Албанците овде зборуваат албански, зошто Алжирците во Франција не зборуваат арапски, зошто 6-те милиони Турци во Германија не зборуваат турски? Ако овие луѓе сакаат да зборуваат албански, нека одат во Албанија. Ако почнеме вака, нека оди некој во Бугарија, некој во Албанија, кому ќе ја оставиме оваа земја?, рече Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа