Жена прегазена на Партизанска, со тешки повреди пренесена во болница

 


Вчера на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“  во Скопје, „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Н. (40) од Кавадарци, удрил во пешакот И.М. (56) од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје“, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид.

28.12.2024 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега