Ужас во Демир Капија: Дедо пресретнал малолетничка, ја сопрел и и нудел да ја носи во ресторан
Демиркапиец на возраст од 72 години бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П., постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село. Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П., кој откако ја сопрел, почнал да и упатува прашања и понуда за во ресторан. Откако малолетничката одбила и рекол дека повторно ќе ја побара. Од тоа, таа се вознемирила и исплашила, појаснуваат од СВР Велес.
Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.
-М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа