ВИДЕО: Го вадеа од прозорец - позната е здравствената состојба на камионџијата што се преврте на Плетвар
Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош - Кавадарци.
- Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско - Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа