ВМРО: Трендафилов со 1.000 евра плата не знае како преживува едно просечно семејство
Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој кога се покачуваа плати во образование и во здравство не излезе да поздрави. Ова денеска го велат ВМРО преку соопштение до јавноста.
- Тој е единствениот синдикалец во светот кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата СДС, ДУИ и Левица. Тој е единствениот синдикалец кој кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светска банка препорачуваа на владата дека е лош и нерентабилен процес, тој како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците. Наместо прв меѓу работниците, Трендадилов е прв меѓу олигархијата. Тој е продолжена рака на СДС, ДУИ и Левица, велат тие.
Владејачката партија додека дека Трендафилов нема чувство за потребите на работниците. Тој со плата од над 1000 евра нема чувство како е едно просечно семејство да преживува со плата од 500 евра. Тој наместо синдикалец е портпарол на опозицијата и политичка маша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа