Трамп за Бајден: Не го бива за надворешна политика

 

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше резултатите од надворешната политика на претседателот во заминување Џо Бајден, нарекувајќи ги ново ниско ниво во историјата на САД.

„Кога ќе погледнете што се случи во последните четири години, мислам дека тоа беше најниската точка во историјата на нашата земја. Беше толку лошо“, изјави синоќа Трамп за десничарскиот канал Newsmax.

Непосредно пред тоа, Бајден се пофали со достигнувањата на неговиот тим за надворешна политика, тврдејќи дека тие се најдобри во историјата на Белата куќа. Трамп има дијаметрално спротивен став за резултатите од дипломатијата на Бајден.

14.01.2025 - 17:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега