Сајкоски: Даути самата треба да си поднесе оставка
Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓи Сајкоски во изјава за МИА вели дека Комисијата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути и дека нема добиено никакво известување досега.
– Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со 61 пратеник, претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот г-ѓа Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи, вели Сајкоски.
Според Сајкоски, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа