Средба Божиновска-Филипиду: Македонија и Грција ја интензивираат соработката во енергетскиот сектор

 


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење.

Двете соговорнички ја истакнаа важноста на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе придонесе за енергетска стабилност и диверзификација на изворите на енергија во регионот. Божиновска нагласи дека овој проект е од стратешко значење за земјата и ќе овозможи поефикасно снабдување со природен гас.

Дополнително, беше разговарано за иницијативите за пазарно поврзување (market coupling) со Грција, со цел интеграција на македонскиот електроенергетски пазар во единствениот европски пазар. Министерката информираше дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) го воведе еврото како трговска валута во првиот квартал на 2025 година, што е клучен чекор кон оваа интеграција.

Амбасадорката Филипиду ја потенцираше потребата од зајакнување на соработката меѓу берзите на двете земји, што ќе донесе значителни придобивки за економиите на двете земји и за целиот регион.

На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката во енергетскиот сектор.

04.02.2025 - 12:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега