Филипче: СДСМ ќе предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот
Опозициската СДСМ ќе предложи две законски решенија за зголемување на безбедноста на сообраќајот, особено во близина на училиштата. Првиот човек на партијата, Венко Филипче најави дека тие ќе бидат презентирани на јавната расправа во Собранието.
-Сметам дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието. Ние како партија во текот на изминатите денови припремавме и некој предлог законски измени и решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Два конкретни предлози имаме како партија прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивањето на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. И вториот предлог ќе биде сериозно заострување за казните за најтешките прекршоци во сообраќајот коишто дури ќе вклучуваат и одземање на возилото и тоа е по примерот на некои европски земји, рече Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа