Сообраќајот во зимски услови: Укинати забраните за тешки товарни возила

 

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Стража од утринава се укинати.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат декс сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Оттаму потсетуваат дека од вчера во целосен прекин е сообраќај во близина на Башино Село, кај мостот и тој ќе биде во прекин подолг временски период.

04.01.2025 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега